Ал-Хилал вчеравечер го победи Ал-Аин (Обединети Арапски Емирати) на гостински терен во натпреварот од 3. коло на азиската Лига на шампиони со 5:4. Клубот од Саудиска Арабија играше со фудбалер помалку од 82. минута.
Хет-трик за гостите на оваа средба постигна Салем Ал-Досари, а по еден гол постигнаа и Ренан Лоди и Сергеј Милинковиќ-Савиќ. Домаќините постигнаа голови преку Матео Санабрија и Суфјан Рахими кој постигна два гола од игра и еден од пенал.
Напаѓачот на Ал Хилал, Нејмар, за прв пат по една година влезе на теренот. Во 77. минута 32-годишниот Бразилец влезе на местото на Ал-Досари. Фудбалерот не учествуваше на натпреварите по повредата на коленото, која ја доби во октомври 2023 година на натпреварот за бразилската репрезентација против Уругвај (0:2) на квалификацискиот турнир за Светското првенство 2026 година.
Ал-Хилал има 9 бода и е лидер во поредокот на Западна дивизија, Ал Аин со еден бод е претпоследен (11. место)
The post Нејмар се врати, Ал Хилал лидер appeared first on Република.