Рафаел Надал го најави своето пензионирање и наскоро за последен пат ќе настапи за Шпанија во Дејвис купот. Тенискиот ас ќе ја заврши својата богата кариера, а во разговор со медиумите изјави дека навистина не знае што ќе прави во пензионерските денови.
„Ќе имам многу нови предизвици, тоа е факт. Но, искрено не знам што ќе правам во пензија. Потребно ми е време да одлучам што точно сакам да работам. Ќе биде тоа голема промена во мојот живот, но прво сакам да уживам во последните активни денови.
Прво сакам успешно да го одиграме финалето во Дејвис купот, ќе биде прекрасно ако триумфираме со нашата репрезентација. Потоа ќе одам чекор по чекор, но во секој случај, можам да кажам дека сум возбуден за тоа што следи во иднина“, изјави шпанскиот тенисер.
Надал е освојувач на 22 грен –слем титули и важи за еден од најдобрите тенисери на сите времиња. Тој е апсолутен рекордер на Ролан Гарос, турнир кој го освојуваше дури четиринаесет пати.