Почеток Црна Хроника Не му успеала банкнотата во пасош: Маж уапсен за поткуп

Не му успеала банкнотата во пасош: Маж уапсен за поткуп

republika.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Ноќва околу 03 часот на Граничниот премин Долно Блаце, на влез во Македонија се пријавил К.С. (53) од Турција, но по извршена пасошка контрола било утврдено дека веќе го искористил дозволениот туристички престој од 90 дена во последните 180 дена и поради тоа му бил одбиен влез и бил вратен назад во Косово.

Околу 03.30 часот К.С. повторно дошол на граничниот премин и на раководителот на смена му ја дал патната исправа и во неа банкнота од 100 евра, со барање да му се дозволи влез во земјата, соопштија од МВР.

К.С. веднаш е лишен од слобода поради кривично дело „давање поткуп“ и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Не му успеала банкнотата во пасош: Маж уапсен за поткуп appeared first on Република.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro