Почеток КУЛТУРАСцена Никол Кидман се расплакала на црвениот тепих: „Тешко е“

Никол Кидман се расплакала на црвениот тепих: „Тешко е“

ekran.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Никол Кидман се бори со смртта на нејзината мајка…
Никол Кидман во последните месеци имаше бројни премиери на филмови и серии, но во исто време се соочува и со голема лична загуба.

Имено, неодамна починала мајката на актерката, за која, како што вели Никол Кидман, тешко ја поднела загубата.

– Беше тешко. Тоа е тежок пат. Се држам – искрено изјавила за The Hollywood Reporter на црвениот тепих во Лос Анџелес на премиерата на вториот дел од филмот „Lioness“
Мајката на Никол починала минатиот месец на 84-годишна возраст.

– Посакувам мајка ми да беше тука. Со работата се е супер, но посакувам мајка ми да беше тука – низ солзи рекла актерката, пренесува People.
Никол дознала за смртта на нејзината мајка веднаш по пристигнувањето на филмскиот фестивал во Венеција, каде што се очекувало да ја прими наградата за најдобра актерка за нејзината работа во Babygirl.

Фото: Принтскрин/Instagram

The post Никол Кидман се расплакала на црвениот тепих: „Тешко е“ appeared first on ekran.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro