Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, порача дека Русија смета дека има право да користи оружје против воени цели на земји што ѝ дозволуваат на Украина да користи оружје со долг дострел за напад врз руска територија, пренесуваат светските новински агенции.
„Во случај на понатамошна ескалација на конфликтот, ние ќе одговориме решително и на ист начин“, рече Захарова.
Захарова нагласи дека ракетите со долг дострел не се „целосно во рацете на украинските сили“, туку дека воените експерти од земјите производители се активно вклучени во планирањето и спроведувањето операции против руските позиции и руската територија.
Таа особено ја истакна улогата на германскиот воен персонал во употребата на ракетните системи „Таурус“ и нивните модификации во борбите против Русија.
„Всушност, германскиот воен персонал ќе биде директно вклучен во планирањето и спроведувањето борбени операции против нашата земја во случај на употреба на гореспоменатиот „Таурус“ или нивните модификации под други имиња“, заклучи Захарова.
The post Нова закана од Захарова: Имаме право да користиме оружје против земјите што ѝ помагаат на Украина appeared first on Локално.