Почеток МАКЕДОНИЈА НОВА МАКЕДОНИЈА – 80 години светилник на македонското медиумско небо!

НОВА МАКЕДОНИЈА – 80 години светилник на македонското медиумско небо!

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

„Нова Македонија“, првиот македонски дневен весник слави јубилеј достоен за почит – 80 години од првиот број.

Роден на денешен ден, во виорот на Народноослободителната борба, речиси истовремено со конституирањето на првата слободна држава на македонскиот народ, “Нова Македонија“ цели седум децении е ризничар и хроничар на македонската современост. Достоен чувар на македонската државност, јазик, идентитет, прв официјален документ испечатен на кодифициран македонски јазик. Македонски буквар, светилник на македонската медиумска сцена.

Почитувани колеги,

Ви го честитаме јубилејот и ви посакуваме уште долго да опстојувате! Продолжете ја приказната и останете синоним за професионалност, посветеност, пожртвуваност и непоколебливост.

Нека се множат годините, тиражите, читателите, успесите…За многу години!

Ваш ВЕЧЕР

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro