Почеток КУЛТУРАСценаНова песна и спот од Тијана Периќ – „Само Мој“, урбан поп што го освојува етерот

Нова песна и спот од Тијана Периќ – „Само Мој“, урбан поп што го освојува етерот

ekran.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

На 20 јули 2025 година, младата и талентирана македонска пејачка Тијана Периќ ја претстави својата нова песна „Само Мој“, која веќе се наметнува како една од највпечатливите музички премиери во македонскиот етер ова лето.

„Само Мој“ е баладичен урбан поп сингл во кој Тијана со својот вокал мајсторски ја балансира ранливоста и силата. Нежниот, а притоа моќен глас ја пренесува длабоката емоција на текстот.

Текстот, напишан во соработка со Иван Петровски, говори за интимен момент на емоционална и физичка блискост, каде допирот станува универзум, а љубовта – лична вистина. Рефренот „ти си мој, само мој“ се повторува како мантра ја засилува и потврдува страста која не признава граници.

Иван Петровски е главниот творец зад музиката, аранжманот, продукцијата и мастерингот на песната, која е создадена во студиото Musiverse. Неговата гитара додава топлина и живописна текстура на звукот, додека пратечките вокали, изведени од самата Тијана, го збогатуваат и дополнително ја надополнуваат целокупната музичка атмосфера.

Видеоспотот е снимен во студиото Solution Plus, под режиска палка на Billy D., а монтажата е дело на Филип Димитриевски.

Песната и видеото се достапни на YouTube, а Тијана може да ја заследите на социјалните мрежи. Подолу погледнете го видеото за „Само Мој“.

 

The post Нова песна и спот од Тијана Периќ – „Само Мој“, урбан поп што го освојува етерот appeared first on ekran.

Можно е и ова да ти се допаѓа