Почеток Црна ХроникаНова трагедија: Загина Украинец на граничниот премин Долно Блаце, бил прегазен од автомбоил

Нова трагедија: Загина Украинец на граничниот премин Долно Блаце, бил прегазен од автомбоил

pretres.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

На 22 август 2025 година, околу 18:00 часот, на магистралниот пат Скопје – граничен премин Долно Блаце, се случила тешка сообраќајна несреќа во која животот го загубил 53-годишен државјанин на Украина.

Според МВР, патничко возило „Фолксваген Голф“ со германски национални ознаки, управувано од 22-годишната Б.С. од Косово со живеалиште во Германија, удрило во пешакот К.М. (53) од Украина. Пешакот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна помош од Косово бил пренесен во најблиската болница во соседната држава, каде што во 20:20 часот им подлегнал на повредите. Лекар ја констатирал смртта, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.

Возачката Б.С. се здобила со телесни повреди, констатирани во приватна болница во Скопје. Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа на СВР Скопје. Случајот се расчистува.

The post Нова трагедија: Загина Украинец на граничниот премин Долно Блаце, бил прегазен од автомбоил first appeared on Претрес.мк.

Можно е и ова да ти се допаѓа