Почеток СПОРТФудбал Новиот тренер на „Црвените ѓаволи“: Понудата од Манчестер јунјатед беше „сега или никогаш“

Новиот тренер на „Црвените ѓаволи“: Понудата од Манчестер јунјатед беше „сега или никогаш“

republika.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Новиот тренер на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим, обелодени дека понудата од англискиот клуб била „сега или никогаш“. Аморим додаде дека неговата желба било да се пресели на Олд Трафорд, откако ќе ја заврши оваа сезона на клупата на Спортинг од Лисабон.

Манчестер Јунајтед во петокот објави дека Аморим ќе го наследи Ерик тен Хаг на испразнетото тренерско место на 11 ноември.

Претседателот на клубот може да потврди дека на почетокот на сезоната имав разговор со него и му кажав дека што и да се случи, сакам да го завршам во Спортинг. Му кажав дека оваа сезона ќе биде мојата последна во тимот.

 

Досега работите се одвиваа многу добро, но Јунајтед дојде и откако претседателот ја прифати нивната понуда, тие ја платија и откупната клаузула. Јас лично ништо не разговарав со него. Мојата единствена желба беше тоа да се случи по крајот на сезоната, но ми рекоа дека е невозможно, рекоа сега или никогаш“, изјави Аморим по вчерашната победа на Спортинг од 5-1 над Естрела во португалското првенство.

The post Новиот тренер на „Црвените ѓаволи“: Понудата од Манчестер јунјатед беше „сега или никогаш“ appeared first on Република.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro