Почеток ЕКОНОМИЈА Нови авионски линии со Дубаи, Барселона, Лион, Штутгард, Базел и Истанбул од следната година

Нови авионски линии со Дубаи, Барселона, Лион, Штутгард, Базел и Истанбул од следната година

еМагазин
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Од следната година ќе бидат отворени шест нови авионски линии, до Дубаи, Барселона, Лион, Штутгард, Базел и Истанбул, кои ќе ги субвенционира државата, а се избрани на неодамна објавениот оглас.

Четирите нови авионски линии се од скопскиот аеродром, од каде два пати неделно ќе се лета на релацијата Скопје-Дубаи-Скопје (од 30. март), Скопје-Барселона-Скопје (од 30. јуни), а по три пати неделно ќе се лета на линијата Скопје-Лион-Скопје (од 30. јуни) и на линијата Скопје-Штутгард-Скопје.

На охридскиот аеродром, пак новина е линијата Охрид-Базел-Охрид, на која ќе лета два пати неделно и редовната линија Охрид-Истанбул-Охрид (од 30. март) на која ќе се лета четири пати неделно, најави денеска министерот за транспорт, Александар Николоски.

Виз Еир ќе лета на новите летови за Штутгард, Базел, Барселона и Лион, Флај Дубаи за Дубаи, а Туркиш Ерлајнс за Истанбул.

Николовски најави и втор оглас за нови авиолинии.

The post Нови авионски линии со Дубаи, Барселона, Лион, Штутгард, Базел и Истанбул од следната година appeared first on еМагазин.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro