Почеток Скопје Нови канти и контејнери за жителите на Кисела Вода

Нови канти и контејнери за жителите на Кисела Вода

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Општина Кисела Вода направи нов значителен чекор кон подобрување на хигиената и животната средина со обезбедување нови 1.212 канти за отпадоци и 59 контејнери.

Оваа донација од Министерството за животна средина е дел од заедничките напори за унапредување на условите за живот на жителите на овој дел од градот.

– Сите домаќинства што поседуваат стара оштетена канта, ќе добијат нова, училиштата и градинките ќе добијат нови контејнери, а старите дотраени канти ќе бидат предадени на фирма специјализирана за рециклирање на отпад – информираат од Општина Кисела Вода.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски нагласи дека подобрувањето на хигиената е од суштинско значење за животната средина и за здравјето на граѓаните.

– Со замената на старите и оштетени канти, воспоставуваме поефикасен и поеколошки начин за справување со отпадот. Сите домаќинства што имаат оштетени канти, ќе може да ги заменат со нови, преку пријавување во канцелариите на месните заедници во Општината. Старите канти, откако ќе бидат собрани, ќе бидат предадени на специјализирана фирма за рециклирање, со што дополнително ќе придонесеме за заштита на животната средина – истакна Ѓорѓиевски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro