Почеток МАГАЗИН - ЗАНИМЛИВОСТИЗабава Ново видео од вчерашното уривање на настрешницата на железничката станица во Нови Сад – целата структура се руши за секунда

Ново видео од вчерашното уривање на настрешницата на железничката станица во Нови Сад – целата структура се руши за секунда

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Се појави ново видео од вчерашното уривање на настрешница на железничката станица во Нови Сад, во кое загинаа 14 лица, пренесува Индекс.хр, со предупредување дека на некои читатели видеото може да им биде вознемирувачко.

На видеото се гледа дека бетонската настрешница се урива од десната страна. За секунда или две, целата структура се сруши на земја.

 


Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ по вчерашната несреќа на Железничката станица во Нови Сад, во која животот го загубија 14 лица поради падот на настрешницата, изјави дека „настрешницата не е реконструирана“.

Во меѓувреме, на страницата gradnja.rs имаше бројни измени во текстовите за работите на таа железничка станица, а се појави и видео на кое се гледа дека на настрешницата се уште се работи пред неколку месеци. Засега не е јасно што точно е направено.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro