Почеток МАКЕДОНИЈА Ново рочиште од судењето за двојното убиство на Вања и Панче

Ново рочиште од судењето за двојното убиство на Вања и Панче

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Во скопскиот Кривичен суд продолжува судењето за убиствата на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. Продолжува сослушувањето на сведоци на Обвинителството и на одбраната. На рочиштето во средата поранешните началници во СВР Велес и Скопје сведочеа дека Кешишев, еден од обвинетите ја довел полицијата на местото на убиството на Вања, а нејзиниот татко цело време велел дека таа е киднапирана.

Претходно мајката на Вања пред Судот рече дека не ги познава обвинетите. Сведочеше за денот кога нејзината ќерка исчезнала и за потрагата по неа. Киркови пак сведочеа за моментот кога увиделе дека го нема Жежовски, пријавата во полиција и неговото пронаоѓање. Обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишев, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски се изјаснија за невини.

Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на Вања за да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде пари за откуп.

The post Ново рочиште од судењето за двојното убиство на Вања и Панче appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro