Почеток МАКЕДОНИЈАНов пожар во Кочани: Изгоре семејна куќа

Нов пожар во Кочани: Изгоре семејна куќа

racin.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Пожар денеска околу пладне зафати семејна куќа во централното градско подрачје на Кочани, јавува „Радио Кочани“. Според првичните информации, нема повредени лица, а причините за избувнувањето на огнот сè уште се утврдуваат.

Екипа на Територијалната противпожарна единица излезе на терен со две возила и успеа навреме да спречи ширење на пламените јазици, иако силниот ветар ја отежнуваше интервенцијата. Неофицијално, огнот е веќе локализиран и околните објекти се безбедни. Причинетата материјална штета ќе се проценува дополнително.

Можно е и ова да ти се допаѓа