Почеток СВЕТ Нов пресврт во Молдавија: Моментално само 79 гласови повеќе за влез во ЕУ

Нов пресврт во Молдавија: Моментално само 79 гласови повеќе за влез во ЕУ

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Се уште трае пребројувањето на гласовите на референдумот во Молдавија, а резултатите се неизвесни и речиси изедначени – моментално има само неколку десетици гласови за влез во ЕУ.

Утринава околу шест часот имало 49,9 отсто гласови „за“ и 50,1 отсто гласови „против“, при што тогаш биле пребројани околу 97 отсто од гласовите.

Сега ситуацијата повторно се преврте, моментално за само 79 гласови од околу еден и пол милион што гласаа на референдумот, пренесува AFP.

Остануваат уште неколку илјади гласови да се пребројат, главно оние кои дојдоа од странство и кои се очекува да бидат најмногу ориентирани кон проевропскиот табор.

Малкумина очекуваа ваков резултат бидејќи сите анкети укажуваа дека лесно ќе победи опцијата за влез во ЕУ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro