Почеток МАГАЗИН - ЗАНИМЛИВОСТИЖивот НУТРИЦИОНИСТ ПРЕПОРАЧУВА: Треба да се јаде по една шака бадеми дневно А ЕВЕ И ЗОШТО

НУТРИЦИОНИСТ ПРЕПОРАЧУВА: Треба да се јаде по една шака бадеми дневно А ЕВЕ И ЗОШТО

ekran.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Бадемите спаѓаат во оние јаткасти овошја кои се достапни во текот на целата година. Тие се една од најздравите намирници, иако имаат висока енергетска вредност (650 калории/100гр), која доаѓа од нивната висока содржина на масти.

– Ако мислевте дека е парадокс дека мрсната храна е добра за вашето здравје, еве докази кои го кажуваат спротивното. Бадемите имаат висока содржина на мононезаситени масти, исто како и маслинките и се многу ефикасни за намалување на ЛДЛ холестеролот и го намалуваат ризикот од срцеви заболувања – вели Џејн Консвилд, виш диететичар-нутриционист.

Според неа, бадемите можат да му се заблагодарат на витаминот Е за оваа способност, кој покрај минералите манган, магнезиум и калиум го има во изобилство.

– Магнезиумот има улога да ја олесни циркулацијата на крвта, кислородот и хранливите материи низ телото. Бадемите речиси и да не содржат натриум, што ги прави вистински заштитник на срцето и крвните садови. Бадемите го намалуваат ненадејниот скок на нивото на шеќер и инсулин во крвта, па затоа се препорачуваат за луѓе со дијабетес и одвишок килограми. Кога би требало да се напише диета за овие пациенти, таа би морала да има низок гликемиски индекс, а бадемите го намалуваат гликемискиот индекс на консумираната храна. Колку повеќе изедете бадеми, индексот ќе биде помал, но со ништо не треба да претерувате, па дури ни со бадеми – советува нутриционистката.

Избегнувајте пржени бадеми
Во бадемите има многу протеини, па да речеме 25 грама бадеми содржат исто количество протеини како просечно јајце од 55-60 грама.
– Утврдено е дека бадемите многу повеќе го намалуваат лошиот ЛДЛ холестерол и го зголемуваат добриот ХДЛ холестерол отколку, на пример, интегралната кифла, иако имаат иста тежина, влакна и калориска вредност. Избегнувајте пржени бадеми бидејќи тие обично се пржат во растително масло од сончоглед или палмино, па сите придобивки за срцето и крвните садови застануваат тука. Изберете (суви) печени бадеми.

Не мора да јадете бадеми исклучиво како ужина после оброк

На пример, можете да посипете грст сечкани бадеми врз вашата салата, динстаниот зеленчук или шпагети.
– Покрај тоа што ќе го подобрите вкусот на јадењето, ќе го направите и поздраво. Препорачувам да консумирате една шака бадеми на овој или оној начин 2-4 пати неделно. На овој начин ќе го спречите ризикот од кардиоваскуларни заболувања. Иако бадемите и другите јаткасти плодови имаат добар ефект врз кардиоваскуларниот систем, многумина ги избегнуваат од страв да не се здебелат. Овој страв е неоснован, слободно грицкајте бадеми, ставете ги во оброците. Експериментирајте со вкусовите, додајте ги исечкани во вашите мусли и сендвичи. Бадемите содржат голем процент на минерали, пред се манган и бакар, два елементи во трагови кои се важни во процесите на заштита на митохондријалните клетки (енергетските клетки) од слободните радикали. Интересно е што и консумацијата на бадеми го намалува ризикот од појава на камења во жолчката.

Бадемите можете да ги исецкате рачно или со електричен сецко.

– Ако користите сецко, тогаш вклучете го многу кратко додека не заврти само неколку вртежи, бидејќи тогаш бадемот ќе биде крупно исечкан, наместо да добиете мрсен крем од бадем. Ако купите непечени бадеми, можете да ги печете во рерна на само 75°C околу 15-20 минути. Сè што е над ова ќе ги уништи овие корисни масти со кои се преполни бадемите. Доколку не сте алергични на бадеми и други јаткасти плодови, уживајте во оваа изобилство на природата. И запомнете – иако 50% од бадемите се масти, 61% од нив се мононезаситени, здрави масти.

Фото: Архива

The post НУТРИЦИОНИСТ ПРЕПОРАЧУВА: Треба да се јаде по една шака бадеми дневно А ЕВЕ И ЗОШТО appeared first on ekran.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro