Почеток СПОРТ Обвинение против 34 лица за катастрофалниот пожар во Кочани 

Обвинение против 34 лица за катастрофалниот пожар во Кочани 

objektivno24.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Обвинение за 34 физички и три правни лица за трагедијата во Кочани. Постапката се запира за единаесет лица поради немање на докази, а се прекинува за две лица, односно за Владимир Блажев-Панчо од „ДНК“ има прекин на истрагата додека е на лекување, како и за управителот на фирмата кој почина во болница, соопшти денеска на прес-конференција јавниот обвинител, Љупчо Коцевски.

Меѓу обвинетите се сопствениците и управителите на клубот, градежни инспектори, поранешни и актуелни градоначалници на Кочани, директори и службеници на државни институции, припадници на обезбедувањето, како и архитекти кои незаконски изготвувале документи.

Постапката се запира за двајца поранешни министри поради немање доволно докази, а доколку во понатамошниот дел се обезбедат докази тогаш постапката може да продолжи, истакна Коцевски на денешната прес-конференција. ТВ 24 дознава – Дритон Кучи и  Беким Незири се двајцата поранешни министри од економија за кои е запрена постапката, а според истите извори од поранешните министри обвинети стануваат Крешник Бектеши и Ваљон Сарачини, додека пак, од Министерството за економија покрај двајцата поранешни министри обвинети се и пет државни службеници, како и генерален секретар оттаму.

Обвинет е и братот на газдата на „Пулс“ кој ги продавал билетите. Тој во договор со првообвинетиот, брат му, дозволил во континуитет да работи локалот без законски пропишаните услови за заштита, продавал поголем број на влезници одошто е пропишано за таа квадратура, со што овозможувал влез на поголем број на посетители од дозволениот број. Обвинети се тројцата градоначалници, меѓу кои е и актуелниот, кои никогаш не ги известиле МВР и Министерството за економија дека објектот „Пулс“ работи со неправилности и не ги исполнува условите за работа. Тие воопшто не наредиле ни надзор и контрола, а примале 2.000 евра на општинската сметка како уплата. Опфатени се и четири службени лица, инспектори од Државниот Пазарен Инспекторат.

Во синоќешната акција на Основното Јавно Обвинителство за организиран криминал и корупција пак приведени се 13 лица со полициско овластување, за кои постојат основани сомненија дека осомничените како службени лица сториле тешки дела против општата сигурност.

Пожарот кој избувна за време на концертот на групата ДНК, на 16ти март годинава однесе 62 млади животи, додека 157 лица се здобија со тешки телесни повреди, а уште 54 со полесни. 

Коцевски нагласи дека „секоја институционална алка имала законска обврска да ја спречи трагедијата, но никој не постапил“. Обвинителството посочи и дека истрагата е темелна, а доказите покажуваат јасна слика на системска небрежност, корупција и прикривање, кои довеле до една од најголемите трагедии во поновата историја на Македонија.



objektivno24.mk

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остави коментар

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro