Најновото издание на Henley Passport Index, за најдобар пасош го прогласи оној од Сингапур, бидејќи со него без виза може да се влезе во 193 држави. Веднаш зад него, на второто место, се пасошите на Јапонија и Јужна Кореја, со кои може без влиза да се допатува во 190 држави.
Од земјите од Балканот, најдобро се пласирани: Грција на 5. место, Хрватска на 9., Бугарија на 13. место.
Македонија е на 38. место, со пристап до 130 дестинации. Подобра од нас е Србија, на 34. место, со 138 дестинации. Полошо стојат Црна Гора на 40-то место, со 128 дестинации, БиХ на 42. место, со 123 дестинации, Албанија на 43. место со 122 дестинации.
За Henley Passport Index се користат ексклузивни податоци од Меѓународната асоцијација за воздушен сообраќај (IATA).
Во најновото издание на ранг-листата, по погоре наведените, се наредени држави од ЕУ: Данска, Финска, Франција, Германија, Ирска, Италија и Шпанија го делат третото место, со безвизен режим со 189 држави. По нив, на 4. место се Австрија, Белгија, Луксембург, Холандија, Норвешка, Португалија и Шведска, со чии пасоши без виза може да се допатува во 188 држави.
Петтото место го делат Грција, Швајцарија и Нов Зеланд.
На 6. место е Велика Британија, со 186 дестинации. Тоа е пад од едно место во однос на лани, а драстичен пад во однос на 2015 година, кога беше пласирана на првото место.
Хрватска, заедно со Латвија, Словакија, Словенија и Обединетите Арапски Емирати го делат 9. место, со можност за безвизен режим во 183 земји.
На едно место зад нив е САД – од 1. место во 2014 година, сега со пасошот од оваа држава може да се патува во 182 дестинации. Ова е најлошото рангирање на САД во 20-годишната историја на Henley Passport Index.
Бугарија е на 13. место – со нејзиниот пасош без виза може да се влезе во 177 држави.
Henley Passport Index веќе 20 години го изготвува Henley & Partners од Чикаго, САД, консултантска компанија за државјанства преку инвестиции.
The post Објавена најновата ранг-листа на пасошите: Грција на 5. место, Хрватска на 9., Бугарија на 13. место appeared first on Локално.