Почеток Огромни промени во обложувачниците: Трамп значително расте, Харис паѓа

Огромни промени во обложувачниците: Трамп значително расте, Харис паѓа

Макфакс
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Значајни промени се случуваат во обложувачницата „Полимаркет“ на денот на американските избори.

Шансите, според оваа обложувачница, значително се зголемуваат за Доналд Трамп, а се намалуваат за Камала Харис.

Според „Полимаркет“, ситуацијата во моментот е следна:

Трамп – 63 %
Харис – 37 %

Вчеравечер процентите беа 58 отсто за Трамп и 42 отсто за Харис.

Во „Полимаркет“, каде што процентите се менуваат во реално време, Трамп и Харис во последната недела беа најблиску на 3 ноември кога Трамп имаше 53 %, а Харис 47 %. Пред еден месец, сепак, беа целосно изедначени.

„Полимаркет“ е децентрализирана платформа за предвидување, која им овозможува на корисниците да се обложуваат на исходите на вистински настани, вклучително и политички избори, користејќи криптовалути.

Текстот Огромни промени во обложувачниците: Трамп значително расте, Харис паѓа е превземен од МАКФАКС.

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro