Поранешниот американски претседател и кандидат на овогодинешните избори, Доналд Трамп, му понуди на раперот 50 Сент (50 Cent) три милиони долари за да настапи на неговиот митинг во Медисон Сквер Гарден во Њујорк, кој се одржа во неделата.
Раперот ја одбил неговата понуда, како што пишува Мирор. 50 Cent ги потврди гласините дека Трамп му понудил голема сума пари за да го поддржи. Во емисијата „The Breakfast Club“, тој рече дека добил повик од тимот на Трамп.
„Ми се јавија, но ме бараа за недела“, рече тој. Водителот потоа го праша дали е вистина дека бил поканет да ја изведе својата хит песна „Many Men“ на Републиканската национална конвенција ова лето, што тој потврди. Инаку, споменатата песна стана вирална по атентатот на Трамп кој се случи во јули годинава.
Раперот тогаш изјави дека му понудиле три милиони долари, веројатно мислејќи на настапот на неделниот контроверзен митинг, но дека не сакал да има врска со политика.
„Не сум ни разговарал со нив за такво нешто. Се плашам од политика. Разбирате? Не сакам да бидам дел од неа. Затоа што кога ќе се вклучите, без разлика како се чувствувате, некој страсно не се согласува со вас. Тоа е формула за збунетост која го прати Канје во Јапонија. Рече дека сега може да оди само во Јапонија, алудирајќи на последните контроверзни изјави кои Вест ги искажа во последните неколку години, а поради кои бележи значителен пад на неговиот број на емисии низ САД и Европа.