Украинската делегација ѝ предложи на руската страна средба меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин пред крајот на август, во присуство на турскиот и американскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и Доналд Трамп, изјави синоќа шефот на украинската делегација Рустем Умеров по преговорите во Истанбул.
Тој рече дека на третата рунда преговори во Истанбул, украинската страна изразила подготвеност да ја прекине војната, особено кога станува збор за напади врз критичната и цивилната инфраструктура, пренесува „Униџан“.
„Разговаравме и за понатамошните фази од размената на затвореници и цивили. Руската страна се согласи на враќање на луѓето кои се во заробеништво повеќе од три години, вклучувајќи ги тешко повредените и младите“, рече Умеров.
Од друга страна, шефот на руската делегација во преговорите со Украина, Владимир Медински, изјави дека средбата меѓу Путин и Зеленски мора да биде соодветно подготвена.
„Средбата меѓу лидерите на Русија и Украина треба да стави крај на сè“, рече Медински, нагласувајќи дека за нивната средба треба да се разработат условите од договорот, според руските медиуми.
Третата рунда преговори во Истанбул траеше околу 40 минути.
Пред почетокот на преговорите, се одржа приватна средба меѓу Умеров и шефот на руската преговарачка делегација, Владимир Медински.
Турски претставници беа присутни и во палатата Чираган, каде што се водеа преговорите.
The post Одекна „бомба“ од Истанбул: Украина подготвена да ја запре војната appeared first on Локално.