Почеток Одличен нов сингл од скопскиот бенд Занаду, слушнете ја „Вети ми“

Одличен нов сингл од скопскиот бенд Занаду, слушнете ја „Вети ми“

ekran.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

По неколку успешни изданија и настапи, скопскиот бенд Занаду се враќа со нова и многу впечатлива песна – „Вети ми“, која премиерно беше објавена на 17 јули 2025 година. Песната претставува емоционална и музички зрела композиција која совршено го прикажува стилскиот напредок на бендот.

„Вети ми“ е оригинално авторско дело – музика и текст потпишани од членовите на Занаду, со Карло Јованоски како автор на текстот, вокалист и гитарист. Во бендот, исто така, настапуваат Марко Атанасов (гитара), Андреј Крстевски (бас гитара) и Иван Богдановски (тапани). Продукцијата, аранжманот и миксот се дело на Лука Ѓоргиевски, додека мастерингот го направи Нино Спиркоски.

Видеоспотот, снимен и монтиран од Мартин Чичовски, совршено ја надополнува песната.

Песната зборува за копнежот, љубовта и ветувањата, испишани низ метафори поврзани со море, сомнежи и страст. Стиховите како „од сите мориња што ги препливав, во твоите очи потонав“ оставаат силен впечаток и повикуваат на повторно слушање.

„Вети ми“ е уште еден доказ дека македонската алтернативна музичка сцена е повеќе од жива и има што да понуди.

Неофицијално дознаваме дека Занаду ќе настапуваат на седмото издание на „Андерфест“ во ноември оваа година.

Слушнете ја и уживајте во „Вети ми“.

 

The post Одличен нов сингл од скопскиот бенд Занаду, слушнете ја „Вети ми“ appeared first on ekran.