Почеток СПОРТРакометОдлични натпревари на ракометниот турнир во Охрид

Одлични натпревари на ракометниот турнир во Охрид

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Дербито на денот го одиграа Партизан и Нексе, меч кој заврши со победа на српскиот првак предводен од Ѓорѓе Чирковиќ (26-24).

За белграѓани ова беше прв триумф во првиот меч и ќе играат следен дуел за финале со ГРК Охрид.

Српскиот првак иако на овој турнир дојде без најдобриот играч Црноглавац, сепак, одигра меч на ниво кој го доби заради расположениот голман. Андреј Трнавац имаше свое шоу и го откажа Нексе во дуелот во градот крај езерото.

Голманот на Партизан го заврши дуелот во СЦ „Билјанини Извори“ со неверојатна 21 одбрана, од нив два пенала, што е едно од најдобрите голмански изданија на турнирот во историјата.

Најдобар стрелец кај победникот Партизан беше Иванов осум гола, го следеше Анѓелковиќ со пет гола, додека кај Нексе, шест гола имаше Цениќ, а четири додаде Лучин.

За Партизан ова беше прва победа над Нексе во пет меѓусебни средби.

 

Можно е и ова да ти се допаѓа