Почеток ЕКОНОМИЈАОдмор од седум дена не може да си дозволат повеќе од четвртина од жителите на ЕУ

Одмор од седум дена не може да си дозволат повеќе од четвртина од жителите на ЕУ

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Дури 27% од населението на ЕУ постаро од 16 години во 2024 година не можеле да си дозволат една седмица годишен одмор надвор од својот дома, објави Еуростат – Европското статистичко биро.

Тие 27% на ниво на целата ЕУ се сепак пониски за 1,5% во однос на 2023 година, а дури за 10,5% помалку отколку во 2014 година.

Најголем дел од луѓето што не може да си дозволат најмалку една седмица годишен одмор е забележан во Романија: 56,6%, во Грција: 46% и во Бугарија: 41,4%.

Бројките се најниски во Луксембург: 8,95, во Шведска: 11,6% и во Холандија: 13%. Во Словенија бројката на жители што не може да си дозволат најмалку една седмица годишен одмор е 14,4%.

The post Одмор од седум дена не може да си дозволат повеќе од четвртина од жителите на ЕУ appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа