Почеток МАКЕДОНИЈАОд денес пеколни горештини

Од денес пеколни горештини

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 40 степени.

Во текот на новата работна седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура на повеќе места ќе надминува 35 степени, а наместа и 40 степени Целзиусови.

Престојување во затворени, разладени простории, особено во периодот од 11 до 17 часот, внесување доволно течности, избегнување алкохол и засладени пијалоци, носење лесна, светла облека и користење заштита за глава и очи, избегнување физичка активност во најтоплите часови од денот, посветување внимание на деца, стари лица, лица со хронични заболувања и бремени жени, да се одложат активности на отворено во најтоплиот дел од денот и да се обезбедат микроклиматски услови (разладени простории со температура до 25 степени Целзиусови) на работното место и во домот, а во случај на симптоми како вртоглавица, главоболка, гадење или забрзан пулс веднаш да се побара медицинска помош.

Ова се препораките за заштита на населението од високи температури кои ги соопшти Министерството за здравство согласно најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи за периодот од 20 до 24 јули кога се очекува значително зголемување на дневните температури, кои во одделни региони може да достигнат и до 41 степен Целзиусов.

The post Од денес пеколни горештини appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа