Почеток Од најдобар македонски баскетџија до успешен тренер: Ервин Цого со успешно тренерско деби на кормилото на репрезентацијата на Швајцарија 

Од најдобар македонски баскетџија до успешен тренер: Ервин Цого со успешно тренерско деби на кормилото на репрезентацијата на Швајцарија 

ekran.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Најдобриот македонски баскетџија, Ервин Цого, оваа сезона покажа дека е подеднакво добар на теренот, но и надвор од него – како тренер.

Изминатава сезона, Цого, освен што активно играше баскет, одлично се снајде и во новиот предизвик – тренер на швајцарската 3х3 репрезентација, но и на 3х3 клубот „Фрибург“.

Неговата дебитантска сезона заврши и повеќе од успешно.

Под водство на Цого, Швајцарија освои прво место на квалификациите за 3х3 Европското првенство 2024, а на првенството, што се одржа во Австрија, финишираа четврти, што е најголемиот успех на оваа репрезентација во нивната историја.

Истовремено, нашиот баскетџија работеше и како тренер на 3х3 екипата на „Фрибург“. Овој тим ја заврши сезоната на 25. место во светот.

„Мојата прва сезона како тренер беше навистина возбудлива. Ова го кажувам и од аспект на резултатите што ги постигнавме, но и поради тренерскиот предизвик, кој е нешто ново за мене. Целиот тим вложи голем труд и на крајот тоа даде одлични резултати.

Среќен сум што водам национален тим, тоа е голема одговорност, но и предизвик.

Истовремено имам и супер екипа, дечките од првиот момент веруваа во мене, одлично се разбираме и на крајот, резултатите зборуваат сами за себе.

Им благодарам на сите што ми дадоа поддршка како тренер и се надевам на уште поуспешна сезона следната година“, вели Цого.

Освен работата како тренер, тој оваа сезона си исполни голем спортски сон – настапи на World Tour со екипата на Фрибург и со тоа стана првиот Македонец во историјата кој играл на ова најпрестижно 3×3 натпреварување.



The post Од најдобар македонски баскетџија до успешен тренер: Ервин Цого со успешно тренерско деби на кормилото на репрезентацијата на Швајцарија  appeared first on ekran.

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro