Првиот ден на ЕМОФ 2025 – Скопје, носи повеќе интересни натпревари.
Ние ги издвојуваме оние во колективните во кои настапуваат шест македонски репрезентации.
Ракометот и одбојката се играат во Скопје, а Куманово е домаќин на кошаркарските натпревари. Таму веќе е „сефтосана“ и реновираната голема сала во која и сениорската кошаркарска репрезентација на Македонија ќе ги игра натпреварите во Мундијалските квалификации.
Од нашите селекции први денеска во ист терми од 16 часот ќе играат кошаркарките и ракометарките. Младите македонски кошаркарки во малата сала во Куманово за противник во 1.коло на А групата ќе ја имаат селекцијата на Белгија. Ракометарките пак во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ ќе играат против Исланд.
Во терминот од 18 часот, закажани се двата натпревари од одбојкарските селекции кои ќе се натпреваруваат во СЦ „Борис Трајковски“. Девојчињата во малата сала ќе играат против Италија, а момчињата во големата сала против Франција.
Во ист термин 18.15 часот ќе играат и кошаркарите и одбојкарите. Во Куманово кошаркарската селекција до 18 години за противник ќе ја има Турција, а во СЦ „Кале“ ракометарите ќе играат против Хрватска.
Сите натпревари може да ги гледате ЖИВО на овој линк
Copy of FOLLOW FOLLOW US by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА
The post Од првиот ден на ЕМОФ издвојуваме appeared first on Sport Plus Macedonia.