Почеток СПОРТОлимпискиот првак потопен во Сингапур, Грција ја освои бронзата на СП

Олимпискиот првак потопен во Сингапур, Грција ја освои бронзата на СП

Макфакс
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Грција во голем стил го освои бронзениот медал на Светското првенство во ватерполо. Во Сингапур, Грција во „малото финале“ ја декласира Србија со 16:7 (2:2, 6:0, 3:3, 5:2). Грција го освои петтиот медал на Мундијалите (вкупно четврта бронза, имаат и едно сребро), додека Србија нема медал на планетарните шампионати од 2017 година.

Олимпискиот првак Србија доживеа еден од најтешките порази во историјата, на големите натпреварувања. Грците беа на едно туку на два или три ниво повеќе од противникот.

По изедначената прва четвртина, Србите потонаа во втората, не постигнаа гол, примија шест. Тука практично Грците го решија натпреварот. Дилемите околу евентуалното изненадување, беа разрешени по три минути игра кога Грција дојде до предност 10:2.

Нестварно звучи податокот дека Србија имаше реализиција од 20 отсто и дека најдобрите играчи: Ранѓеловиќ, Чук, браќата Рашовиќ и капитенот Јакшиќ не постигнаа ниту еден гол.

Најрасположен беше најмладиот во тимот, Мартиновиќ со четири гола.

Грците, пак ги решаваа сите предизвици со невидена леснотија и целосно ја растурија одбраната на Србија. Дури и 16 постигнати гола против репрезентација која се смета за една од најдобрите на планетата е голем подвиг.

Фото/ Принтскрин

Текстот Олимпискиот првак потопен во Сингапур, Грција ја освои бронзата на СП е превземен од МАКФАКС.

Можно е и ова да ти се допаѓа