Почеток СВЕТ ОН: Постои ризик од уништување на античките градови во Либан

ОН: Постои ризик од уништување на античките градови во Либан

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Специјалниот координатор на ОН за Либан Жанин Хени-Плашар денеска изјави дека на античките феникиски градови на Либан им се заканува уништување поради конфликтот со Израел и нагласи дека не може да се дозволи губење на либанското културно наследство.

Таа напиша на платформата X дека неодамнешните наредби за евакуација на градовите Балбек и Тир принудија десетици илјади Либанци масовно да избегаат.

Античките феникиски градови се во опасност да останат во урнатини, рече Хени-Плашарт и истакна дека културното наследство на Либан не смее да стане уште една жртва на овој разорен конфликт.

Текстот ОН: Постои ризик од уништување на античките градови во Либан е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro