Почеток СВЕТОпасен инцидент на небото – патнички авион избегна судир со воен авион

Опасен инцидент на небото – патнички авион избегна судир со воен авион

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Пилотот на авионот СкајВест“, кој слета во градот Минот во американската држава Северна Дакота, изврши, според неговите зборови, агресивен маневар“ за да избегне судир со воен авион Б-52, за кој тврди дека му бил на патот.

Според компанијата СкајВест“, авионот на летот број 3788, кој летал како дел од мрежата Делта Конекшн“ на рутата од Минеаполис, безбедно слета во Минот откако контролата на летање го одобри, а пилотот им се извини на патниците по слетувањето за неочекуваниот маневар на авионот, објавува денес CBS News.

Пилотот им објаснил на патниците зошто авионот морал да го изврши таканаречениот маневар за заобиколување.

За оние од десната страна на авионот, веројатно го видовте авионот како доаѓа директно кон нас, така да се каже. Никој не нè предупреди и ние продолживме да слетуваме“, рече тој.

Според пилотот, контролната кула во Минот нема радар, па сообраќајот во областа е регулиран со визуелно набљудување, а тој додаде дека го забележал авионот на патека што се сечела со нивната.

Со оглед на брзината со која се движел, беше јасно дека станува збор за воен авион. Не знам точно колку брзо се движел, но бил многу побрз од нас. Мислев дека е најбезбедно да се свртам зад него“, рече пилотот и истакна дека станува збор за невообичаена ситуација, но дека не знае зошто никој не ги информирал.

Американските воздухопловни сили потврдија дека во времето на инцидентот, Б-52 од базата Минот бил во зоната, откако извршил прелет над саемскиот комплекс во Северна Дакота.

Компанијата СкајВест“ изјави дека во авионот имало 76 патници и четири члена на екипажот.

Текстот Опасен инцидент на небото – патнички авион избегна судир со воен авион е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа