Општина Гази Баба доделува субвенции на граѓаните за стерилизација на домашни миленици. За таа цел е објавен јавен повик.
Локалната самоуправа 100% ќе ги надомести трошоците на граѓаните, но не повеќе од 6.000 денари.
-Ова е уште една мерка која ја реализираме како одговорна локална самоуправа во насока на системско решавање на проблемот со бездомните миленици на долг рок – истакна градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.
Тој додава дека придобивките од стерилизацијата на милениците се многубројни и подеднакво важни како за здравјето на миленикот така и за околината.
-Стерилизацијата е најдобро решение за контрола и намалување на популацијата на бездомни миленици, а истовремено се намалува и нивната агресивност – заклучи Стефковски, повикувајќи ги граѓаните да ја искористат можноста и да добијат субвенции.