Општините Струмица и Карпош кои пред неколку дена најавија напуштање на Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС), остануваат во истата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Општините Струмица и Карпош го напуштаат ЗЕЛС, незадоволни се од индиферентниот однос
Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов во дебатна емисија на телевизијата Телма, на која учестуваше и претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на скопска Кисела Вода, потврди дека Општината останува да биде дел од Заедницата.
Претходно Ѓорѓиевски имаше состанок на кој требаше да дојде и Костадинов, но дојде само градоначалникот на скопски Карпош, Стевчо Јакимовски, потврди дека и општината Карпош останува во ЗЕЛС.
Фото: Општина Струмица
The post Општина Струмица и Карпош остануваат во ЗЕЛС appeared first on еМагазин.