Руско-украинската војна и погрешните санкции веќе доведоа до вртоглав пораст на цените на европските енергетски извори, а покрај тоа, Европа е оптоварена и од воената ситуација на Блискиот Исток, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.
„Брисел легна во кревет со Украина и би ги жртвувал унгарските семејства и унгарската економија за да продолжи да ја поддржува Украина. Ви благодариме, ние не го бараме тоа! За нас, не Украина, туку Унгарија е на прво место!“, рече Орбан во видео објавено на неговата страница на социјалните мрежи, објави Хирадо.
Орбан за време на паузата на владиниот состанок во средата рече дека разговарале како да се спречи повторно зголемување на цените на енергијата.
The post Орбан: Брисел би ги жртвувал унгарските семејства и економија за да продолжи да ја поддржува Украина appeared first on Локално.