Почеток БАЛКАН Осум стари болни и изнемоштени лица добиваат 24-часовна помош

Осум стари болни и изнемоштени лица добиваат 24-часовна помош

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Општина Гази Баба во соработка со Црвениот крст на Градот Скопје, денеска, и официјално почна со реализација на заедничкиот проект „Итно копче“.

– Со овој проект овозможуваме 24-часовна помош за лица над 65-годишна возрасткои живеат сами и се болни и изнемоштени. Заедно со тим од Црвениот крст ја посетивме тетка Ленче од Ченто, која ја користи услугата „Итно копче“. Таа ја искажа својата благодарност за професионалноста на екипите од Црвениот крст, како и за општината која овозможува оние на кои им е најпотребна помош бесплатно да ја користат оваа услуга – информираа од Општина Гази Баба.

Оттаму додаваат дека корисникот на оваа услуга ќе го поседува уредот „Итно копче“ и со неговото притискање веднаш ќе биде контактиран од контакт центарот на Црвениот крст и по утврдена потреба се испраќа тим за прва помош во домот на корисникот.

Финансиските средства за нејзината реализација целосно ги обезбедува општината. Договорот за реализација на овој проект со Црвениот крст, Општина Гази Баба го склучи во јули и веќе осум граѓани ја користат оваа услуга.

– Со реализација на овој проект, како одговорна локална самоуправа уште еднаш на дело ја покажуваме својата грижа кон ранливите категории на граѓани – велат од Општина Гази Баба.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro