Почеток МАКЕДОНИЈА Отворена Kнига на жалост во српската амбасада во Скопје, прва се потпиша Сиљановска Давкова

Отворена Kнига на жалост во српската амбасада во Скопје, прва се потпиша Сиљановска Давкова

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Во Амбасадата на Србија во Скопје беше отворена Книга на жалост по повод трагичниот настан на железничката станица во Нови Сад во кој животот го загубија 14 лица. Прва се потпиша претседателката, Гордана Сиљановска-Давкова, изразувајќи длабоко жалење и искрено сочувство.

„Моите мисли и молитви се со семејствата и роднините на оние кои трагично ги загубија животите, меѓу кои и еден Македонец. Во знак на почит и солидарност, утрово во телефонски разговор со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изразив длабоко сочувство и поддршка во овие моменти“, објави македонската претседателка.

Идентификувани се 13 лица, а поради тежината на повредите не може да се идентификува уште една женска особа. Меѓу загинатите се две деца родени 2014 и 2018 година, фудбалер со неговата девојка, претежно млади лица, како и 45-годишен македонски државјанин кој работел во Нови Сад.

Од Универзитетскиот клинички центар во Војводина потврдија дека нема нови жртви, а тројцата повредени се во тешка општа состојба. Меѓу нив се две жени на возраст од 23 и 21 година, кои неколку часа по уривањето на конструкцијата беа извлечени од под урнатините и 18-годишно момче на кое му беше ампутирана ногата.

The post Отворена Kнига на жалост во српската амбасада во Скопје, прва се потпиша Сиљановска Давкова appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro