Собранието попладнево информира дека здравствената состојба на спикерот Африм Гаши е стабилна, а во моментов се вршат детални лекарски прегледи. Ова следува откако синоќа тој бил хоспитализиран на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија.
Во продолжение целото соопштение од Кабинетот на Гаши:
„Ја информираме јавноста дека тој вчера беше хоспитализиран на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија. Здравствената состојба на г. Гаши е стабилна, а во моментов се вршат детални лекарски прегледи. Сите понатамошни информации ќе бидат навремено доставени до јавноста од надлежните институции“.
Според болнички извори, вчера Гаши бил примен со болки, но без крвавење и други посериозни симптоми. Според информациите, се работи за дијагноза преплетување на цревата.
The post Откриена здравствената состојба на Гаши по приемот во болница appeared first on Локално.