Почеток СПОРТРакометОхрид за првпат го освои Струшкиот турнир

Охрид за првпат го освои Струшкиот турнир

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Екипата на Охрид за првпат во својата клупска историја го освои традиционалниот струшки турнир, откако во битката за трофејот беше поуспешна од македонскиот ривал Бутел Скопје, победувајќи го со 30-24 (14-11).

На тој начин новиот тренер на охриѓани, Борис Ројевиќ со трофеј ја започна својата мисија покрај езерото, која продолжува со турнирот на домашен терен за неколку дена.

Дарко Ѓукиќ со девет гола беше најдобар стрелец во победничкиот тим, а шест погодоци даде најкористниот играч на турнирот Анте Иванковиќ. Давид Јаневски со седум гола беше најдобар во тимот на Бутел Скопје. Се истакнаа и двајцата голмани Блажески и Трајкоски.

Третото место го освои екипата на Тиквеш, која што во драматичен натпревар по изведувањето на пеналите беше поуспешна од турска Бурса.

Можно е и ова да ти се допаѓа