Трите машки екипи што ја преставуваат макеоднскиот ракомет во ЕХФ Европскиот куп денеска ги дознаа противниците.
Охрид и Бутел добија противници по мерка, додека Тиквеш ќе има тешка задача во втората квалификациска рунда. п
Во првото квалификациско коло ќе настапи тимот на скопски Бутел кој за противник ќе го има составот на Дуделанж од Луксембург. Првиот натпревар ќе се игра на теренот на противникот, а реваншот во Скопје. Бутелчани имаат реални шпански да минат во следната (втора) фаза во која за противник би го имале косовскиот тим на Раховец. Бутел натпреварите од 1.коло ќе ги игра на 6/7 септември, односно реваншот на 13/14 септември.
Во втората рунда ќе стартуваат Тиквеш и Охрид.
Турскиот Бешикташ ќе биде противник на кавадаречки Тиквеш. Првиот меч ќе се игра во Истанбулка, а реваншот во Кавадарци.
На гостински терен ќе стартува и Охрид и тоа во Азербејџан против екипата на Баки.
Првите натпревари од второто коло ќе се играат на 11/12 октомври, а реваншите седум дена подоцна (18/19 октомври).