Почеток СПОРТКошарка Панатинаикос ќе поднесе жалба на судењето во Париз

Панатинаикос ќе поднесе жалба на судењето во Париз

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Христос Серелис помошник тренерот на Ергин Атаман, откри дека европскиот кошаркарски шампион ПАО подготвува жалба за судењето на мечот во Париз.

На крајот од натпреварот, кога при 3:42 Париз водеше со 75:68, судиите решија да му дадат техничка грешка на тренерот на Панатинаикос, Ергин Атаман. Потоа Кендрик Нан доби неспортски фаул.

Жалбата на Панатинаикос е дека требаше да има прекин, но часовникот продолжи да тече, поради што Панатинаикос смета дека жалбата е оправдана.

„Честитки за Париз. По толку години, ова е прв пат да го гледам ова во Евролигата. Одиграа многу брз натпревар. Трчаа со топката и шутираа за само 5-6 секунди. А во одбраната беа многу агресивни. Не го видов видеото и не можам да кажам ништо за конкретните постапки, но моите играчи имаа многу жалби за одлуките. По толку многу години, ова е прв пат во Евролигата“, рече Атаман.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro