Почеток СВЕТПапата Лав XIV: Мора да разговараме и да го спуштиме оружјето, да го прекинеме варварството на војната

Папата Лав XIV: Мора да разговараме и да го спуштиме оружјето, да го прекинеме варварството на војната

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Мора да разговараме и да го спуштиме оружјето“, изјави денес папата Лав XIV, нагласувајќи дека светот повеќе не може да толерира конфликти“ и повикувајќи на крај на варварството на војната“, пренесува Анса“.

Тој зборуваше за својата длабока болка поради израелскиот напад врз единствената католичка црква во Газа.

Три лица беа убиени, а неколку повредени, вклучувајќи и еден парохиски свештеник, во нападот врз комплексот на црквата Свето Семејство“ во градот Газа во четвртокот.

По неделната молитва, папата ги прочита имињата на убиените во инцидентот.

Апелирам до меѓународната заедница да го почитува хуманитарното право и обврската за заштита на цивилите, како и забраната за колективно казнување, неселективна употреба на сила и присилно раселување на населението“, рече папата.

Тој додаде дека мора да се молиме и да имаме доверба во Бога.

Папата Лав XIV нагласи дека е важно да се работи заедно на ова и да се остави зад себе омразата и насилството“.

Текстот Папата Лав XIV: Мора да разговараме и да го спуштиме оружјето, да го прекинеме варварството на војната е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа