Под влијание на топлотниот бран што ја зафати земјава, дневните температури до сабота ќе бидат над јулскиот просек и ќе се движат од 34 до 38 степени во југозападниот, источниот и североисточниот регион, од 32 до 38 во Полошкиот регион, од 38 до 40 во Пелагонија и од 38 до 43 степени во Скопскиот, Вардарскиот и југоисточниот регион.
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) веќе го вклучи црвениот метео аларм, Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) изнесе препораки за граѓаните, а Владата донесе Одлука со која ги обврза работодавачите од 23.07 до 26.07 да ги ослободат од работни обврски бремените жени и лицата постари од 60 години.
Министерството за здравство апелира населението да се придржува до постоечките препораки за самозаштита: престојување во разладени простории, особено од 11 до 17 часот, внесување доволно течности, избегнување алкохол и засладени пијалоци, носење лесна и светла облека, користење заштита за глава и очи и избегнување физичка активност во најтоплите часови.
ИЈЗ повика на почитување на мерките за заштита на здравјето на општата популација и на ранливите категории (градежни работници, земјоделци, сообраќајна полиција, работници за испорака и други лица кои работат во надворешни услови) при високи температури. Укажа да се земе предвид можноста за потенцијално работење онлајн, за флексибилно работно време, двократно работење, надополнување на изгубеното работно време и други модалитети. Воедно апелира да се избегнува работа на отворено од 11 до 17 часот и да се прават почести паузи со постојана достапност на течности и електролити.
-За вработените се препорачува врамнотежена исхрана, внесување минимум два литра вода дневно, избегнување алкохол и кофеин, внесување електролити при засилено потење, редовен одмор, доволно спиење, туширање и едукација за прилагодување на високи температури, носење лесна, светла и памучна облека, заштитни очила за сонце, капи и користење крем со УВ фактор 30+ при работа на отворено, нагласи ИЈЗ.
Препораките за работодавачите се: проверка и одржување вентилација, климатизација, редовно мерење на амбиентната температура и поставување на работните станици што е можно подалеку од сончева светлина и извори на топлина, обезбедување минимум една климатизирана просторија со функција на „засолниште“ (каде вработените можат да се разладуваат извесен период во текот на работата), ротација на работните задачи и преместување на работниците во постудени простории секогаш кога е можно, обезбедување поголем број работници по потреба, почести паузи во текот на работата, намалување на интензитетот на работата и нормите во производството, избегнување прекувремената работа, прекин на работата при потреба и внимателност со ранливите групи вработени (постари работници, хронични болни, лица со зголемена телесна тежина, бремени жени).
ИЈЗ предупреди и на препознавање симптоми на топлотен удар: вртоглавица, замор, вознемиреност и повраќање.
-Не смее да се дозволи на вработен со симптоми на топлинска болест да замине од работното место додека не се стабилизира, односно не добие соодветен третман. За прва помош при симптоми на топлотен удар треба веднаш да се повика 194 или 112, лицето треба да се префрли во разладена просторија, да се легне хоризонтално со подигнати нозе, да се лади со ладни облози и да се прска со вода. Не треба да се дава терапија додека не пристигне лекарска помош. Ако е во бессознание, треба да се постави во странична положба, потенцира ИЈЗ.

Порастот на температурите – стрес за секое животно
Топлотниот бран, освен за луѓето, ризичен е и за животните. Стресот што го предизвикува порастот на температурите кај животните може да се манифестира со намалено консумирање храна, зголемена потреба за вода, намалено производство на млеко и слаб прираст.
Високи процент влага и недоволна вентилација во објектите може да бидат причина за појава на топлотен удар кај животните, а сончаницата се појавува како последица на непосредно, директно изложување на сонце. Исходот може да биде фатален и во двата случаја, доколку не се делува на време.
Според АХВ, напорната работа или транспортот на животните при високи температури, дополнително придонесува за влошување на состојбата.
-Забрзано и плитко дишење, несигурен од – (тетеравење), изразена зголемена телесна температура, забрзан пулс, исплашен поглед, зголемена жед, тикови и грчеви на мускулите кои се јавуваат на крај, со неповолна прогноза, се дел од симптомите по кои може да се препознаат топлотниот удар и сончаницата кај животните за што е неопходна итна реакција. Во вакви услови животното треба да се смести во ладовина или во разладена просторија, каде има доволно количество на свеж воздух, да му се даде доволна количина свежа вода. Телесната температура да се намали со туширање/прскање со умерено ладна вода, или со покривање на главата и вратот со ладна и влажна крпа, но, треба да се внимава ладењето на животното да не биде премногу брзо, велат од АХВ.
Агенцијата уште еднаш апелира, сопствениците да не ги оставаат домашните миленици во затворен автомобил кој е директно изложен на сонце и да избегнуваат нивни прошетки во текот на најтоплиот период од денот.
-На животните треба да им се обезбеди доволна количина и постојана достапност до свежа и чиста вода и престој во проветрени простории. На фармите да се внимава на населеноста (густината) на сместување на животните во објектите. Животните треба да бидат заштитени од директните дејства на сончевите зрачења, односно на испустите потребно е да има натстрешници или природни ладовини. Излегувањето на животните да се врши во раните утрински или вечерни часови, периоди кога треба да се организира и транспортот на животните или тие да се користат во работни активности, бидејќи тогаш температурите се пониски, наведува АХВ.