Продолжуваат промените во Манчестер Сити. Менаџерот Пеп Гвардиола нема да го поведе Џек Грилиш во составот за претстојното клупско Светско првенство. Ова е сигурен знак дека играчот ќе ги напушти „граѓаните“ во претстојното лето.
29-годишниот играч од средниот ред пристигна на „Етихад“ во летото 2021 година од Астон Вила за 100 милиони фунти. Неговата форма во последните две сезони почна да опаѓа и често беше сè повеќе на клупата. Одлуката за иднината на Грилиш е донесена и тој речиси сигурно ќе замине ова лето.
Некои таблоиди го спомнуваат Тотенхем како опција, а не е исклучено и заминување во Саудиска Арабија.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.
www.gol.mk