Почеток СПОРТПетар Ангелов -Диви е рекордер со најмногу одбранети топки на еден ракометен натпревар

Петар Ангелов -Диви е рекордер со најмногу одбранети топки на еден ракометен натпревар

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Статистиката на францускиот LNH – Ligue Nationale de Handball – France поточно ракометната националната лига на Франција објави дека нашиот поранешен познат македонски репрезентативец голман Петар Ангелов- ДИВИ, сеуште го држи рекордот од 2007 година каде што на натпревар помеѓу неговиот клуб Tremblay en France Handball и Paris нашиот легендарен голман одбрани 28 топки во една утакмица.

Од 2007 година па се до денес тој е единствениот рекордер кој што се уште го држи рекордот во Француското првенство.

Како што објавуваат француските медиуми, се прашуваат дали во 2025/ 2026 година ќе има голман со достојна замена и после 18 години и да го достигне овој рекорд над 28 топки во еден натпревар.

Како што кажуваат ракометарите 28 топки не може да се избројат, а не да се одбранат, а тоа го може нашата македонска легенда Петар Ангелов- Диви.

Текстот Петар Ангелов -Диви е рекордер со најмногу одбранети топки на еден ракометен натпревар е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа