Почеток СПОРТ Петар Јовановски реизбран за претседател на Одбојкарската федерација на Македонија

Петар Јовановски реизбран за претседател на Одбојкарската федерација на Македонија

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Во хотелот „Александар Палас“ во Скопје беше одржано Редовното изборно Собрание на кое Петар Јовановски беше реизбран за претседател на Одбојкарската федерација на Македонија.

Одреден беше и управниот одбор кој е составен од: Ивица Хаџииљоски – потпретседател, Владо Милев – потпретседател и Хабил Ајети – потпретседател, како и членовите Кирил Калеников, Зоран Карановиќ и Никола Мицевски.

„Одбојкарската федерација на Македонија во иднина ќе има нов генерален секретар, поранешниот македонски репрезентативец и интернационалец г-дин. Филип Деспотовски, додека функцијата комесар за натпреварување и понатаму ќе ја извршува г-ѓа Сања Никчевиќ.

На Собранието новиот Извршен одбор и претседателот Јовановски како главни цели во нивната работа во иднина ги издвоија пласманот на машката сениорска репрезентација на ЦЕВ Европското првенство 2026, со кое ќе се задржи континуитет во настапите на континенталните собири, а во фокусот останува и работата со женскиот сениорски национален тим  соопштија од Одбојкарската федерација на Македонија.

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro