Почеток МАКЕДОНИЈА Петрушевски: Пожарите не се палат сами, излегуваат снимки од кои се гледа како ги палат, а СДС со злорадост ликува

Петрушевски: Пожарите не се палат сами, излегуваат снимки од кои се гледа како ги палат, а СДС со злорадост ликува

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Секојдневно сме сведоци на потпалување на пожари ширум Македонија. Повеќе од очигледно е дека пожарите не се палат сами, т.е. како резултат на превисоките температури, туку се работи за човечки фактор, рече на денешната прес-конференција пратеникот Бране Петрушевски.

Во текот на вчерашниот ден излезе снимка од која се гледа како човек потпалува пожар во Делчево, а потоа бега од местото. Претходно посочивме за најдени дрва потопени во бензин, гума и ракавици на повеќе локации. Дополнително, секојдневно сведочиме на нови фатени, или приведени лица, голем дел од кои водат до опозицијата лично. Оттука, ги повикуваме институциите уште пожестоко да постапат кон сите кои подметнуваат пожари. Дека станува збор за сценарио говори и фактот што СДС со денови со чудна злорадост ликува на пожарите, иако институциите реагираа како никогаш до сега. А, сето тоа поради дополнителната опрема и високата мотивираност. Планот на СДС за хаос не успеа, особено не во Скопје, каде подметнувачите очигледно беа најмногубројни, па се фрлија на памфлет прес-конференции дека слабо оди справувањето, истакна Петрушевски.

Од СДС забораваат дека сега, за разлика од порано имаме доволен број на возила, авиони и мотивиран персонал, а не Јоцо со Фапот на Заев, од 1975 година. Нема повеќе импровизации, ниту аматеризам. Институциите работат посветено, додаваат од владејачката партија

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro