Почеток ЕКОНОМИЈА ПЕТРУШЕВСКИ: Трошоците за храна и пијалоци за еден месец намалени за 5 отсто, годишно 18.000 денари во секое домаќинство

ПЕТРУШЕВСКИ: Трошоците за храна и пијалоци за еден месец намалени за 5 отсто, годишно 18.000 денари во секое домаќинство

denesen.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

За еден месец трошоците за храна и пијалоци намалени за 5%, мерките на владата се ефективни, истакна на денешната прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Владината мерка за намалување на цените резултираше со намалување од 5% на трошоцитр за храна и пијалоци од синдикалната кошничка, односно 1000 денари.

Синдикалната кошничка во делот на храна и пијалоци опфаќа 43 производи, а владата ги намали цените на 73, што значи дрка реалното намалување се движи и до 1500 денари, т.е. над 5%.

На годишно ниво тоа се и до 18.000 денари заштедени во буџетот на едно домаќинство.

Владата останува посветена на зачувување на животниот стандард на граѓаните.

Покрај намалување на цените, растат пензиите и платите.

СДС додека беа на власт животниот стандард паѓаше. Неспособноста заврши со нив, рече Петрушевски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro