Почеток СВЕТ Пет часа бомбардирање во Либан, убиени деца и жени

Пет часа бомбардирање во Либан, убиени деца и жени

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Најмалку 62 лица загинаа, а повеќе од 200 се ранети вчера во израелски напад врз долината Бека во источен Либан, објави водечкиот дневен весник во Либан, „Ал-Нахар“.

Како што се наведува во извештајот, во бомбардирањето има многу цивилни жртви, меѓу кои и жени и деца.

Ројтерс, исто така, објави дека најмалку 60 луѓе биле убиени во нападот, повикувајќи се на очевидци и градоначалникот на градот Балбек во либанската провинција Балбек-Хермел.

Оваа провинција, како што наведува „Ал-Нахар“, вчера била изложена на најинтензивни напади од почетокот на војната. Жртвите биле во неколку градови, меѓу кои Халанија, Будаи, Хфир, Јунин, Рам и Алак.

Текстот Пет часа бомбардирање во Либан, убиени деца и жени е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro