Почеток СВЕТ ПКК ја презеде одговорноста за терористичкиот напад во Анкара

ПКК ја презеде одговорноста за терористичкиот напад во Анкара

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Работничката партија на Курдистан (ПКК) денеска ја презеде одговорноста за терористичкиот напад во Анкара, во кој загинаа пет лица, а 20 беа повредени.

Во соопштението на военото крило на ПКК се наведува дека нападот врз просториите на воздухопловната и одбранбената компанија ТУСАС го извршиле двајца припадници на таканаречениот „Бесмртниот Батлјон “ како одговор на турските „масакри“ и други операции во курдските региони, пренесува АП.

Турција претходно ја обвини ПКК за нападот и веднаш започна серија воздушни напади врз локации и објекти за кои постои сомневање дека ги користи милитантната група во северен Ирак или северна Сирија.

Текстот ПКК ја презеде одговорноста за терористичкиот напад во Анкара е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro