Вака една скопјанка ја опишува глетката на која наидува секојпат кога оди на гробишта. Таа вели дека не се поминува од смет и дека тревата е порасната до колена. – Не може свеќа да се запали, мора ли да засукаме ракави и сами да косиме трева, да собираме ѓубре, шишиња, тацни, најлони… Точно е дека тревата, пирејот брзо растат и не ми е тешко што ќе исчистам, но дали претпоставените (директорите ,шефовите) прошетале да го видат хаосот? Душата нè боли, секако, а ваквата глетка само е сол на раната, коментира скопјанка, нагласувајќи дека со години плаќа да е среден гробот
– Плаќаме да биде чисто, зелено, одржувано, измиено, средено, а не да плачеме гледајќи ја сликата на запуштени вечни домови на нашите родители, роднини, пријатели… Вака една скопјанка ја опишува глетката на која наидува секојпат кога оди на гробишта. Таа вели дека не се поминува од смет и дека тревата е порасната до колена.
– Не може свеќа да се запали, мора ли да засукаме ракави и сами да косиме трева, да собираме ѓубре, шишиња, тацни, најлони… Точно е дека тревата, пирејот брзо растат и не ми е тешко што ќе исчистам, но дали претпоставените (директорите ,шефовите) прошетале да го видат хаосот? Душата нè боли, секако, а ваквата глетка само е сол на раната – коментира скопјанка, нагласувајќи дека со години плаќа да е среден гробот.
И други жители на Скопје не се задоволни од тоа како ги извршува Акционерското друштво за погребни и придружни активности „Бутел“ своите услуги, иако плаќаат по 320 денари годишно.
– Ако немате вработени, викнете си сервис, еднаш месечно да поминат да исчистат и да измијат. Проблемот се решава, само чини, тука е маката. Знаете добро дека семејството, секако, ќе среди, должноста е ваша, затоа и плаќаме редовно – реагира жителка.
Реакциите на граѓаните дека гробиштата не се одржуваат како што треба, од АД „Бутел“ ги демантираат и велат дека состојбата на сите градски гробишта е уредна.
– Есенскиот период се карактеризира со намален раст на тревата, но со зголемено опаѓање на лисјата од дрвјата. Редовно се метат, собираат и се отстрануваат куповите лисја од улиците на градските гробишта. Трева за косење во овој период речиси и нема, но во деловите каде што е случај тоа, таа е искосена и зелените површини се чисти. Гранките од дрвјата се сечат плански, со приоритет кај дрвјата што се суви, накривени – тврдат од „Бутел“.
Оттаму додаваат дека на секое барање поднесено од старателите на гробните места, кое се однесува на кастрењето гранки, било соодветно одговорено и постапено во најбрз можен рок.
Од АД „Бутел“ ја користат можноста и ги замолуваат посетителите за претстојното одбележување на Задушница да водат грижа за уредноста на гробните места, ѓубрето и сметот да го складираат во соодветните садови и контејнери, а не на првата празна зелена површина. Исто така, да се почитува сообраќајниот ред во наредните денови, во и околу градските гробишта.
(А.П.)