Почеток СВЕТ Поведена истрага за апсењето на Мета

Поведена истрага за апсењето на Мета

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Народниот правобранител на Албанија поведе административна истрага за случајот со апсењето на Илир Мета, поранешен претседател на Република Албанија и актуелен лидер на опозициската Партија на слободата.

– Оваа управна истрага се однесува на постапувањето на Државната полиција за тоа како е извршен налогот на Специјалното обвинителство  против организиран криминал и корупција. Истрагата ја започнаа главно инспекторите на Народниот правобранител без да чекаат да добијат официјална жалба од Илир Мета или неговите адвокати, објави Ора њуз.

Случајот го истражуваат тројца инспектори на правобранителството кои го презеле видеото на кое се гледа моментот на апсењето на Мета од страна на оперативците и припадниците на специјалната единица „РЕНЕА“.

The post Поведена истрага за апсењето на Мета appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro